Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи на Македонија најавува протест пред Министерството за здравство на 6 ноември затоа што Владата не ги послушала нивните барања за укинување на матичните стоматолози и укинување на капитацијата. Според стоматолозите начинот на капитација бил повеќе неодржлив затоа што голем број од приватните стоматолошки установи биле на работ на банкрот поради се поголемото намалување на пациентите што пак се случува поради масовното иселување. Бараат секој стоматолошки тим од државата да добива фиксно по 90.000 денари месечно за да се покријале основните трошоци за една амбуланта.
„Со самата капитација не можат да бидат исполнети основните барања на една амбуланта во однос на плати, придонеси, амортизација ии сите другии режискии трошоци кои ги има една прииватна здравствена установа. Со самиот модел на капитација оние ординации кои имаат поголем нрој на пациенти стануваат се побогати, а оние кои немаат доволен број на пациенти се на работ на банкрот. Нас за нормално работење нии се потребнии 2.000 пациенти, а тоа е невозможно поради демографијата, егзодусот, иселувањето итн.“ истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи на Македонија.
Oд 1.211 ординации во Македонија кои имале склучен договор со Фондот, само 131 имале над 2.000 пациенти потребни за некое рентабилно работење. А под 1.500 пациенти биле 876 ординации, кои биле веќе во загуба. Затоа не сакаат повеќе модел со капитација.
„Со зголемување на капиитацијата која што е во најава, половина од буџетот бии го распределувале 330 тимови, а околу 900 тимови останатата половина“, рече Дафина Богеска, стоматолог.
Моменталниот буџет кој се одделува за стоматолозите бил околу 599 милионии денари годипно, а со новата методологија стоматолозите бараат тој да се зголеми 1 милијарда и 400 милиони денари годишно.