Околу 100 професионални војници со навршени 45 години од утре на нови работни места

Facebook
Twitter
Email
Print

Околу 100 професионални војници со навршени 45 години од утре добиваат нови работни места. Со ова се решава нивниот проблем, бидејќи со навршување на 45 години старост им престанува нивниот работен однос во армијата.

 

Тие ќе преминат во Министерството за правда и ќе бидат вработени во казнено поправните установи низ земјава, соодветно со нивното претходно работно искуство, но главно како обезбедување во затворите.

 

„Војниците повеќе не треба да се грижат за нивниот натамошен ангажман. Добиваат достоинствена работа која ќе им овозможи исти, дури и поголеми финансиски примања, како и соодветни услови на новите работни задачи“, истакна државниот секретар на Министерството за одбрана Драган Николиќ.

 

Николиќ потенцираше дека тие нема да имаат потреба да одат на дополнителна преквалификација, а установите каде што ќе одат ќе добијат веќе обучени кадри. Посочи дека за оваа одлука добиле позитивен одговор и од војниците.

 

Надлежните најавија дека оваа пракса ќе продолжи и понатаму, а за овој проект на Министерството за одбрана добиле поддршка и од синдикатите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи