Палмер: Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го истакнавме и кај европските партнери

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан Метју Палмер рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и тоа ќе продолжат да го кажуваат јасно на нивните европски партнери, по средбата со американските амбасадори од регионот во Скопје.

 

„За време на сите разговори во Скопје ја потврдив важноста што САД ја даваат на односите со Северна Македонија, нашето задоволство што Сенатот го ратификуваше Протоколот за НАТО, и ние очекуваме земјата да стане членка на Алијансата за кратко време. Ние ја потврдуваме американската поддршка евроинтеграциите и европската перспектива на Северна Македонија. Тоа јасно го кажав тука во Скопје и ќе продолжиме тоа да го истакнуваме и на нашите европски партнери, исто така“, рече Палмер.

 

Специјалниот американски претставник кој три дена во Скопје имаше средби со  државниот и политички врв во земјава, за Преспанскиот договор, околу кој по недобивањето на датум од ЕУ повторно се кршат копјата меѓу власта и опозицијата, рече дека е клучен.

 

„Ние продолжуваме да го поддржуваме Договорот од Преспа. Тој е клучен за мирот, стабилноста и безбедноста на балканскиот регион и ние сме убедени дека сето ова ќе се движи напред, чекор по чекор“, подвлече Палмер.

 

Палмер денеска се сретна со премиерот Заев, вчера имаше средби со  претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи