Овие денови, Фани Јованоска од Крушево се бори како лавица во Шведска на многу силен турнир во пинг понг, за да ги одбрани боите на Македонија! Откога е почнат турнирот па до сега, Фани има освоено сѐ што може да се освои! Инаку, се почнало како игра, пред три години, кога другарка и ѝ предложила да играат пинг понг на трпезариска маса. Фани веднаш се вљубила во овој спорт и набргу почнала да тренира во ППК Крушево.
По неполни месец дена, во клубот ја препознаваат како голем талент, и набргу почнува да игра за Македонска репрезентација! Со силна подршка од претседателот на федерација Горан Тиловски, а исто така и потпретседателот Златко Рикалоски, кои не се штедат во ангажирањето околу неа, Фани стигнува до Шведска, а со понатамошна подршка од државата, Фани планира да го освои светот!!!
Во тоа не треба да се сомневаме, бидејќи има талент, желба и напорно тренира! Тоа е комбинација која секогаш носи најдобри резултати! Наше е да и посакаме многу среќа на десетгодишната Фани, ученичка во ОУ Никола Карев во Крушево, да ги следиме со голем интерес нејзините успеси, за да и бидеме мотив и понатаму да победува и само победува!
Државата треба да се грижи за овие деца, и да биде тука за нив за сѐ што им треба, бидејќи тие се нашата светла иднина, и на нив светот останува! Напред Фани!