Околу 500 илјади луѓе ја напуштиле Македонија, секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно

Facebook
Twitter
Email
Print

Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации.

 

„Ваквата ситуација создава голем општенствен и економски притисок, бидејќи со секој заминат млад човек од земјата, државата губи 15.848 евра на годишно ниво. Од друга страна, за да се образова еден млад човек во земјата, државата ја чини 23.934 евра“, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

 

Како главна причина поради која младите ја напуштаат државата е барањето на подобра и подобро платена работа во странство, а како втора причина која се јавува е политичката ситуација.

 

„Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја“, вели Јованов.

 

Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи