Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања. Истакна на денешната прес конференцнија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ирена Стерјовска.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп?
Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба?
Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар?
Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?
Почитуван градоначалник,
Наместо постојано да настапувате од позиција на моќ и да се бламирате пред јавноста повикувајќи се на угледот и честа кои одамна самите ги загубивте, имајте храброст и доблест и одговорете им на граѓаните.
Ако случајно заборавивте, тоа се истите тие граѓани кои пред две години ве избраа за прв човек на општината. Тоа се истите тие граѓани кои пред две години ги излагавте со ветувањето за нов живот.
Одговорни сте за една од најголемите општини во Република Македонија и за секое едно случување сте директно повикани да дадете одговори.
Ајде барем колку толку извадете се за мегаломанското лажење и излезете од удобните фотељи пред граѓаните, кои за среќа ве прочитаа и едвај чекаат да ви пресудат зад параванот на избори“, додаде Стерјовска.