ВИДЕО – Најмалите од градинката „Гоце Делчев“ по повод Митровден приредија свечена програма за старите лица во Прилеп

По повод големиот христијански празник посветен на Светителот Свети Димитриј или кај народот познат уште и како Митровден децата од детската градинка „Гоце Делчев“ од Прилеп им приредија свечена програма на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од овој град. Идејата било празничната атмосфера и духот на семејството, кои во Прилеп за Митровден се одбележуваат со голем број на куќни слави, да се пренесат барем за момент кај старите лица.

 

 

Освен музичката програма дечињата на старите лица им подарија и пакетчиња од разни производи кои беа донација од нивните родители, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и дел од локалните дуќани во градот.

 

„Ние ги пеевме песните „Учиме мајко карај ме“, „По друм одам мајче“, „Мајка на Марика“, „Брала мома капини“, „Пара бери киселец“, „Три невесте“ и „Километри“, рече едно од децата.

 

Која тебе ти се допаѓа најмногу ?

 

„Брала мома капини“

 

Ти која песна ја сакаш најмногу ?

 

И јас „Брала мома капини“ бидејќи е најубава“, рече друго дете.

 

„Ние се нацртавме себеси и цртежите ги залепивме на срце за бабите и дедовците“, кажа друго од децата кои учествуваа во приредбата.

 

„Решивме таа семејна атмосфера да ја споделиме со луѓето кои се згрижени во домот за стари лица, им подготвивме една мала шоу програма, а воедно сакајќи да им ја надополниме таа семејна љубов и недостаток од присуство на млади луѓе и грижа им подготвивме и некои пакетчиња. Сето заедно со помош на градинката, имавме и донатори. Луѓето донесоа спакувани, купени, работи, но се надевам дека со овој наш мал гест, ќе ја надополниме таа празнина кај старите, а од друга страна мислам дека тој лиинк, таа врска помеѓу младото и старото треба да се одржува“, рече Лидија Стојаноска, наставничка во градинката „Гоце Делчев“.

 

Старите лица беа изненадени од овој чекор на најмладите, уживаа во прекрасната програма и подароците и посакаа вакви приредби и настани да имаат повеќе пати

во текот на годината.

 

„Многу значат овие настани за нас затоа што староста е малку досадна, ама вака кога имаме подмладок, гледаме, се радуваме дека имаме иднина во земјата, среќни сме“, рече Ратка Драгоманоска, штитеник во домот за стари лица.

 

„Убаво нешто, сите се радуваме, сакаме и друг пат да се органиизираат настани од вој тип“, додаде Нада Димовска, штитеник во домот за стари лица.

 

„Како свои внучиња ги сакам сите деца, баш убаво вака секоја годиина да има да не посетуваат“, рече Лозица Милованова,  штитеник во домот за стари лица.

 

„Овие средби се многу позитивни не само поради тоа што тие иим влијаат позиитивно на расположението на нашите корисници туку предизвикуваме за развивање на емпатија кај помладите генерации да сочувствуваат со старите лица и да воспостават поголема почит кон нив“, изјави Мики Крстев, директор на дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ – Прилеп.

 

Организацијата на настанот беше потпомогната од ЛАГ АГРО ЛИДЕР кои велат дека треба да се организираат што е можно повеќе настани од овој тип кои ќе ги поврзуваат младите и старите кои учат еднии од други.

 

„Сакаме и се вложуваме да дадеме фокус на постарите лица бидејќи тие се креатори на она што е создадено денес и пренесувањето од генерација на генерација и она што ќе остане на најмладите како што се децата. Сепак најголемите уки доаѓаат од приказните на постарите. Се надеваме дека ова нема да биде само еден ден туку дека ќе прерасне во традиција така што и градинките и школите во се вклулчиле во едни вакви иницијативи затоа што постарите лица и децата можат да прават многу забавни работи заедно и да учат едни од други“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

Дечињата им ветија на бабите и дедовците дека ќе ги посетат најбрзо штом можат и ќе ги изненанадат со нова уште поубава програма.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи