„Лазарки – традиционални женски обреди од Струшко поле и Дримкол“ – изложба на фотографии во Прилеп

Вечерва во 19 часот во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп ќе се одржи изложба на фотографии насловена како „Лазарки – традиционални женски обреди од Струшко поле и Дримкол“.

 

Преку изложбата на фотографии се прави обид да се претстави ликот на македонското девојче Лазарка од предели каде обредните активности поврзани со празнувањето на празникот Лазарева сабота се сочувани со голема архаичност.

 

Ова се активности за популаризација на Лазара, обичај кој во 2019 година е прогласен за заштитено нематеријално културно наследство.

 

Проект финансиран од Министерството за култура на РС Македонија, во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата. Имплементиран е од Здружение на граѓани Менелај – Прилеп, а поддржан од Центар за современа ликовна уметност и ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи