ВИДЕО – Еурокомпозитовци повторно без плата и на протести, немаат никаква работа ниту помош од државата за производството

Продолжува голготата за 60-тината вработени кои останаа на работа во државната компанија „Еурокомпозит“. Денеска тие повторно излегоа на протест затоа што за 4 месеци имале земено само околу 28.000 денари. Немале повеќе договори и немале воопшто никаква работа. Претходно им беше ветувано дека кога ќе си заминат 150 вработени како технолошки вишок ќе се подобри ситуацијата, но 1 година потоа проблемите се исти, никој не им кажувал каде ќе се движи оваа државна компанија.

 

 

„На пратенички прашања во месец февруари премиерот Зоран Заев кажа дека имаме најдено купувач за фирмата и доколку не се оствари тоа во рок еден месец имале план Б. Еве една година потоа немаат ниту слух, ниту ништо за фирмава наша. Новиот директор не молеше да се стабилизира да започне да бара работа, еве ние му дадовме рок од 4 месеци, и тој крена раце сега вели министерствата не ни даваат работа, друго чаре немаме“, истакна Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Благодарни се за тоа што државата им ги плати неплатените придонеси од 2012 до денес. Но сега повторно немаат здравствено осигурување и придонеси. Револтирани се од тоа што според нив никој не одговарал за кражбите кои со години се случувале во компанијата.

 

„Кој дојди директор дојди укради пушти го, дојди укради пушти го. Јас не знам како Владава можи да ги ослободува сите директори кои крадат“, истакна Горан Велески, вработен во Еурокомпозит.

 

„Многу пари, со амин од Владата, оваа фирма отсекогаш им служела за тоа, едеб вид на апанажа им служи“, додаде Илија Талески, вработен во Еурокомпозит.

 

Доколку за брзо не се реши нивниот проблем најавувата нови протести, како во Прилеп така и во Скопје пред Влада.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи