Комерцијалните вакцини против грип од денес достапни за народот, бесплатни сеуште нема

Facebook
Twitter
Email
Print

Вакцините против грип од денеска веќе се достапни. Граѓаните слободно може да се вакцинираат, за што ќе треба да платат 650 денари, додека бесплатните вакцини се’ уште не се достапни, соопштија од Центарот за јавно здравје Скопје.

 

Епидемиолозите велат дека вакцината е четиритипна и штити од четири типа на вирус. Ја препорачуваат на хронично болни но и на лица кои поради работата се во контакт со многу лица.

 

„Во нашата земја досега се регистрирани стотина случаи на клинички дијагностицирани заболувања на грип, но од донесените материјалите не е докажан ниеден тип на вирус. Ова време, од епидемиолошки аспект е соодветно за развој на вирусите на бактериите, очекуваме вирусни заболувања. Пикот го очекуваме во февруари и сега е многу соодветно време за вакцинација, зашто се потребни 15 дена за да се создаде грип.  Апелираме да се вакцинираат што повеќе луѓе во активната работна возраст, бидејќи тие што доаѓаат во котакт со многу луѓе се изложени на повеќе ризик. Тука на пример спаѓаат вработените во образовни установи или маркети“, информира раководителката на Одделението за епидемиологија при Центарот, Биљана Даниловска.

 

Бесплатните 28.000 вакцини што ги набавува Министерството за здравство се уште не се стигнати и надлежните очекуваат да пристигнат наредната недела. Тие се без пари за пензионерите над 65 години, хронично болни, трудници и деца до 5 години. За бесплатните вакцини за кои граѓаните ќе закажуваат преку „Мој Термин“, ќе има и дополнителни пунктови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи