ВИДЕО – Спектакуларна спасителна вежба во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп

Во организација на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп денеска во градот под Марковите кули на познатата 13-катница се организираше показна спасителна вежба, извлекување на повредени лица во случај на пожар. Ова е за прв пат во Македонија некој клуб да организира настан од ваков карактер. Лидерот на тимот Дарко Неданоски, истакна дека оваа спасителна вежба која заврши успешно ќе им помогне за кратко време членовите на „Златоврв“ да ја формираат првата спасителна служба на ниво на град Прилеп.

 

Акцијата ја следеше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување кој истакна дека за неколку дена ќе биде потпишан договор со кој тимот ќе влезе во Републичкиите сили за заштита и спасување. Ваква поддршка ќе добијале и сите други тимови во Македонија кои сакаат да се вклучат во Републичките спасителни служби.

 

Засега за вакви акции биле обучени 12 мина, членови на клубот „Златоврв“.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи