Во СОУ„ Ѓорче Петров“ Прилеп се одбележа Денот на детето

По повод Светскиот ден на детето 20 Ноември,  Ученикот – правобранител Матеа Поповска, Замениците ученици – правобранители и нивни соработници и Тимот на училиштето  СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп организираа пригодна манифестација на која беа поканети ученици од сите основни училишта и претставници на нивните Училишните парламенти.

 

„Манифестацијата се организираше во холот на училиштето и спортската сала, каде напоредно се изведуваа активности и работилници соодветни на возраста на учениците. Во холот беа презентирани и струките на училиштето, преку штандови на кои гостите можеа да се запознаат со суштината на нашата образовна дејност. Во спортската сала, активностите беа во функција на потенцирањето на поимите: права, но и обврски на детето. Заеднички, преку песна и игра, но и преку презентации и разговор, беше донесен заклучок дека децата треба да имаат свест за остварување на своите обврски, а дури потоа за своите права.На крајот, секоја делегација доби по една мала, рачно изработена плакета, како знак на нашето задоволство за нивното присуство на нашиот настан“, велат од училиштето.

 

 

 

 

 

 

На настанот приисуствуваа :

 

  1. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп

-со 24 деца од прво одделение под раководство на на наставникот Гоце Бумбароски.

  1. ООУ „Гоце Делчев “ – Прилеп

-со 26 деца од 6 одделение под раководство на на наставничката Билјана Јагуриноска.

-Ученикот правобранител со неговиот тим и Ученичкиот парламент, од шесто до деветто одделение.

  1. ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп

-Ученичкиот парламент на училиштето, од шесто до деветто одделение.

  1. ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп

-со 21 дете од 1 одделение, под раководство на на наставничката Ирена Адамческа.

-Ученикот правобранител со неговиот тим и Ученичкиот парламент.

  1. ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп

-со 17 деца од4 одделение, под надзор и раководство на на наставничката Мартина Пројческа.

  1. ООУ „Добре Јованоски “ – Прилеп

-со 20 деца од 4 одделение, под раководство на на наставничкта Даниела Ризовска.

  1. ООУ „Климент Охридски “ – Прилеп

-Ученикот правобранител и неговиот тим, од осмо и деветто одделение.

 

 

 

 

 

 

 

На 20 Ноември, делегација од СОУ „Ѓорче Петров“ составена од: Ученикот – правобранител и неговите Заменици, Претседателот и Заменикот на Училишниот парламен и членовите на Советот, заедно со одговорен професор, присуствуваа на Прославата на Денот на детето, што се одржа Скопје, во Домот на АРМ и во Собранието на РСМ. Таму ученичката  правобранител, Матеа Поповска, имаше свое обраќање пред Претседателот на Собранието.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи