На 29.11.2019, во петок, во 19.30 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од ликовните манифестации на ЦСЛУ 2018.
Текст од Претседателката на Уметнички совет на ЦСЛУ-Прилеп Јана Јанеска Ристески.
Од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес имаме континуирано ликовно творештво кое низ текот на годините Центарот за современа ликовна уметност успешно го негува и промовира преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во текот на своето 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот.
ЦСЛУ-Прилеп постојано работи на поттикнување и унапредување на ликовниот израз во насоки на социјално одговорна уметност, која води сметка за актуелниот момент во општеството и уметноста.Топира нови трендови во уметноста, истовремено збогатувајќи го фондот на уметнички дела, трендови, стилови во уметноста,материјали од кои се изработуваат делата, и предизвикува нов простор за ликовен израз со уметничко-ангажирана содржина. Продолжува континуираната традиција на слободно уметничко изразување кое на крај резултира со готов уметнички производ.
Размислувајќи во моментов за сите уметнички и друштвени случувања што изминатиот период успеавме како ЦСЛУ Прилеп да ги организираме, презентираме и одржиме, морам да кажам дека сме исклучително задоволни. Убава е мислата и многу големо е задоволоството кога напати случувањата и резултатите ги надминуваат очекувања. ЦСЛУ-Прилеп уште еднаш направи одличен избор на ликовни уметници како од домашната така и од меѓународнта ликовна сцена, дел од нив доста познати и во меѓународни рамки. ЦСЛУ-Прилеп покажа дека има квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња.
Морам да нагласам дека огромное задоволството што склупторите учесници во Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер „МЕРМЕР“ и Интернационалното атеље за скулптура во метал оставија дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, оргиналност и иновативност. Дела кои несомнено се впишуваат во современите уметнички текови, дела кои се мошне сугестивни и отвараат поле за индивидуални дожувувања, дела кои отвараат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови идејни решенија за идните генерации. Учесниците беа воодушевини и почестени дека во рацете го имаат светски познатиот прилепски сивец, кој за миг се претвори во идеална алатка за нивното уметничко „изживување“. Прилеп е горд на својата отворена мермерна музејска постановка и овие дела многу набрзо ќе го збогатат и оплеменат јавниот простор во градот. Многу од нашите скулптури, освен во градот, може да се пронајдат во редица репрезентативни државни институции. Токму оваа 2018 година со гордост ќе ставиме посебен акцент на јубилејот од 55 години Интернационален скулпторски симпозиум во мермер „Мермер“.
Во однос на Интернационалната сликарска колонија, посебно не радува огромниот одзив на прилепските сликари, во кои како наново да се возобнови идеајата дека повторно, сите заедно сме доволно силни да го вратиме приматот на претпознатлив уметнички град, кој иницирира и град кој поворно може да се протвори во атрактивно место за живеење и творење. Не случајно говорам за ова повторно враќање на нашите локални уметници, бидејќи неколкуте минати години беа исклучително тешки за целокупното културно живеење во нашиот град. Вкупно се созададени 25 дела од кои добар дел се впишуваат во рамките на традиционалното сликарство, но да не заборавиме да нагласиме дека дел од присутните сликари апсолутно не изненадија со идејните решенија кои говорат за нивното широко познавање на сликарстовото и новите тековни трендови.
Иднината мора да биде водена од промените кои сакаме да ги имплементираме и од визијата која тимотна ЦСЛУ-Прилеп си ја постави како цел. Ќе го вложиме нашето знаење и труд, да се шириме меѓународно, да поставуваме нови стандарди и да ја возродиме ликовната уметност како една од најважните нишки на културното и општествено живеење. Нашата сила и тимски потенцијал ќе ја концентрираме на идејата да бидеме центар кој се грижи, претставува, застапува и ги продава нашите уметници, се со цел да им создадеме улови за постојан креативен развој. Само слободна уметност, само неоптеретен авторски потенцијал, потпомогнат со знаењето на културните менаџери и волјата на одговорните лица во државните структури, може да се претвори во моќна алатка за промоција, реактулизација и зацврстување на она што широко разбрано го нарекуваме културен код.