Пуштено во употреба игралиштето на Могила, донација за Прилеп како најеко општина

По повод изборот на општина Прилеп за најеко општина и градоначалникот Илија Јованоски за најеко градоначалник за 2018 година, денеска и официјално беше пуштено во употреба детското игралиште во Паркот на револуцијата, донација на „Пакомак“ и Шпаркасе банка. Покрај градоначалникот Јованоски, на отворањето на игралиштето присуствуваа и генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски.

 

„За мене лично и за општина Прилеп, главен приоритет е животната средина. Заедно со комуналните претпријатија правиме напори да ги подобриме услови за живеење на нашите граѓани. Со овие чекори што ги преземавме досега, како и со ониекои што се зацртани за иднина, покажавме дека знаеме и дека можеме тоа да го направиме. Прилеп беше прогласен за најеко општина за 2018 година и во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на ‘Пакомак’ и Шпаркасе Банка, кои по тој повод го донираа ова детско игралиште на Паркот на револуцијата. Сакам да потенцирам дека со целата наша посветеностработиме на подобрување на енергетската ефикасност во сите детски градинки, училишта. ЈКП ‘Комуналец’ во континуитет учествува во подобрување на животната средина во градот со чистење на каналите на Градската река, на Дабничка река, чистење на сите диви депонии во нашиот град. Општина Прилеп и ЈКП ‘Комуналец’ се први во примарната селекција на отпад, набавивме и камион за собирање на отпадот и преса за пакување на пластичниот отпад. Исто така набавивме и 4 нови автобуси на метан, а направивме и две фотоволтаични централи во Центарот за лица со детска парализа, како и во дел од градскиот пазар, со што покажавме дека се грижиме за здрава и чиста животна средина во нашиот град“, посочи градоначалникот Јованоски.

 

„Шпаркасе Банка и Пакомак заедно повеќе години наназад работат на подигнување на свеста за здрава животна средина, за еколошко живеење. Го организиравме настанот ‘НАЈ Еко општина за 2018 година’, за општина која има највисоки стандарди во зачувувањето на човековата околина, грижа за зеленилото и здравото живеење и задоволство е што оваа награда ја доби Општина Прилеп. Продолжуваме и понатаму да ја подигаме свеста на граѓаните за оваа проблематика. Ова е признание не само за градоначалникот Илија Јованоски, туку и за сите граѓани на град Прилеп кои покажаа како е да се живее во здрава и чиста животна средина“, истакна Глигор Бишев, генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.

 

„Сакам  да упатам честитки до Општина Прилеп за изборот за ‘НАЈ Еко општина’. Слушнавме од градоначалникот за многу работи кои до сега се реализирани, но и за оние кои допрба ќе бидат реализирани, со што се потврдува нашата одлука дека се број еден во Македонија. Со бројките со кои ние располагаме за собрана амбалажа на отпад на ниво на Македонија, можам да кажам дека многу општини од Прилеп можат да учат како да се собира амбалажниот отпад и како да допринесат тој отпад да не завршува на депонија, туку да заврши во фабриките за рециклирање“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници од „Пакомак“.

 

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски се победници на конкурсот за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, која ја заслужија со придонес во селективното собирање отпад, овозможување на собирање стакло преку HoReCa сегментот, како и за постигнување здрава и одржлива животна средина и намалување на необновливиот отпад.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи