Лажни профили му се јавиле телефонски на премиерот Зоран Заев и му се претставиле како светски познатата тинејџерска активистка за климатски промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Шефот на македонската Влада се посомневал во автентичноста, но сепак го довршил разговорот.
Ова го откри Марјан Забрчанец, советникот за комуникации на Заев, на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“. Забрчанец додаде дека ова се случило пред неколку дена и разговорот го оцени како „хибриден напад“ пософистициран од оној на руските пранкери.
Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.
Тунберг и Заев беа неодамна номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир.