ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Дали огласите во основните училишта беа поништени со цел вработување на партиски кадри?

Денеска сме сведоци на уште една епизода од серијалот „Лажен живот за сите“, кој целосно се разобличува и го покажува целото лицемерие на Зоран Заев и неговата пашибозук партија СДСМ, рекоа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Во јули годинава на шверцерски начин во Собранието беа донесени измените во Законот за основно образование, со кои се предвидува вработување на наставници по физичко образование за првоодделенците.

 

Но, и после три месеци од стартот на школската година, училиштата во Прилеп сеуште немаат вработено наставници од оваа струка.

 

Сепак, поголемиот број училишта деновиве имаа распишано огласи за вработување на ваков кадар, но истите беа експресно поништени поради наводни технички грешки.

 

Вакви известувања, каде што повторувам, причина за поништување на огласите за вработување била техничка грешка, добиле кандидатите кои аплицирале во основните училишта „Кире Гаврилоски“, „Климент Охридски“, „Добре Јованоски“, „Страшо Пинџур“ и „Круме Волнароски“.

 

Прашуваме, дали огласите се поништени поради тоа што на истите се пријавиле кандидати со работно искуство и положен стручен испит, па истите ги загрозиле планираните за вработување партиски кадри на СДСМ?

 

Свесни ли се директорите на овие воспитно-образовни установи дека со ваков начин на работа ризикуваат кривична одговорност само за да бидат добри партиски послушници?

 

Какви ли дополнителни услови ќе измислувате во повторените огласи, само и само да ги протнете вашите кандидати?

 

На крај подготвен ли е градоначалникот Јованоски да дава согласности за времени вработувања спротивно на законот?

 

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Државниот просветен инспекторат, како и Трудовата инспекција во најбрз можен рок да ги проверат овие огласи за вработување и да утврдат дали постои прекршување на законите. Истовремено го повикуваме и Јавното обвинителство по допрен глас да испита дали при овие постапки постои злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Ние како ОК на ВМРО-ДПМНЕ будно ги следиме сите ваши постапки и верувајте никој нема да биде поштеден од одговорност доколку се ставил над законот, ниту сега, ниту во иднина“, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи