ВИДЕО – Лукареска: 3.000 евра грант за земјоделките, градиме конкурентно земјоделство

Подобрувањето на условите за земјоделците и намалувањето на нивните трошоци, се’ со цел повеќе пари да завршуваат во рацете на секој земјоделец, е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, изјави Петра Лукареска, координатор на форум на жени, ОО СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Токму затоа, за прв пат ја воведуваме мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, со која жените – земјоделки можат да се пријават за грант неповратни средства, во износ од 180.000 денари или 3.000 евра.

 

Огласот е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој, на кој до 26 декември, 2019 година, сите заинтересирани жени – земјоделки може да се аплицираат за оваа финасиска поддршка.

 

Целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани земјоделки и со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Со добиените средства може да се набави најразлична опрема за постапување со земјоделски и млечни производи.

 

Дополнително, преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг,  за што е подготвен и Правилник за флексибилност за производи од животинско потекло. Со тоа идентитетот и квалитетот на производот којшто го произведуваат жените во руралните подрачја, навистина ќе дојде до израз.

 

Почитувани, на секој чекор покажуваме и докажуваме дека земјоделските мерки на СДСМ, се на прав пат. Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците“, рече Лукареска.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи