Дескоска: Собранието да го спречи оживувањето на амнестиите од Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел да се спречат секојдните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела.

 

„Целта на овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на СЈО, а сега ги продолжи редовното обвинителство. Со отворањето на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за и врз основа на прислушуваните материјали“, изјави Дескоска.

 

Министерката ги повика пратениците уште денеска да иницираат автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

 

„Собранието има механизми преку автентично толкување на законот да го потврди тоа што го тврдеше стручната јавност, а тоа е дека членот 11 на кој Иванов ги засновуваше масовните амнестии не постоеше, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеа стариот член 11 од законот“, изјави министерката.

 

Таа вели дека Собранието треба да го затвори ова прашање и да се види кој е за правда и казни, а кој е за амнестија и помилување.

 

Постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, со која се вратија шансите за оживување на амнестијата, Уставниот суд ја поведе на седницата во средата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи