Откриена чудовишна црна дупка во Млечниот пат 70 пати поголема од Сонцето!

Научниците открија „чудовиште од црна дупка“ во Млечниот пат, која е толку масивна што во теорија не би требало да постои. Огромната црна дупка наречена ЛБ-1 е дури 70 пати поголема од Сонцето!

 

ЛБ-1 е 15.000 светлосни години оддалечена од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето, објавено е во магазинот „ Nature“, со образложение дека ЛБ-1 е откриена од меѓународен тим на научници со помош на кинескиот телескоп Ламост.

 

Дополнителните податоци од двата најголеми светски оптички телескопи во Шпанија и САД ја потврдиле големината на Црната дупка која кинеските научници ја опишале како фантастична.

 

Според проценките на научниците Млечниот пад содржи 100 милиони ѕвездени црни дупки, но ЛБ -1 е двојно поголема од тоа што научниците мислеле дека е возможно, изјавил Лиу Јифенг, професор од Кинеската национална астрономска опсерваторија, која го водела истражувањето.

 

Истражувачите претходно верувале дека максималната големина не може да надмине димензии поголеми 20 пати во однос на масата на Сонцето, затоа што додека овие sвезди умираат, тие го губат поголемиот дел од својата маса преку експлозии што исфрлаат дел од материјата и гасови. Оваа теорија сега е соборена од ЛБ-1, нејзината маса е 70 пати поголема од Сонцето, се вели во соопштението од Кинеската академија на науките.

 

Огромните димензии на ЛБ-1 укажуваат на тоа дека црната дупка не била формирана од распаѓањето на само една ѕвезда. Дури постои веројатност дека станува збор за две помали црни дупки кои меѓусебно орбитираат, се вели во студијата.

 

Друга можност е дека таа се формира од „вратена супернова“. Тоа се случува кога супернова – последната фаза од експлодирачка ѕвезда – исфрла материјал за време на експлозијата, кој потоа се враќа во суперновата, создавајќи црна дупка.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи