Изложба на дела создадени на ликовните манифестации на ЦСЛУ во 2018 година

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на дела создадени на ликовните манифестации на ЦСЛУ во 2018 година. Пред љубителите на ликовната уметност се 20 слики и две скулптури создадени од уметници од земјата и од странство.

 

Изложбата ја отвори Горан Ристески од ЦСЛУ кој посочи дека од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес ЦСЛУ има континуирано ликовно творештво.

 

„Низ текот на годините творештвото успешно го негувавме и промовиравме преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот“, рече Ристески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи