Бугарија сака да го чува воздушниот простор на Македонија, на ротациски принцип заедно со Грција, порача бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој веќе имал разговори со премиерите на Македонија и Грција на самиот на НАТО во Лондон, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, со цел да бидат дефинирани параметрите на таа мисија.
„Со нашите сегашни можности, можеме да ја завршиме оваа задача без дополнителни трошоци“, Радев и додаде дека „тоа не е само наш национален интерес, туку и долг кон братската Република с. Македонија и израз на одговорност“.
И премиерот на Бугарија Бојко Борисов претходно се пофали дека со новите авиони-ловци F-16 Бугарија без проблем би можала да врши заштита на македонското небо.