Приведен прилепчанец во чиј автомобил била пронајдена поголема количина на дрога

Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 18 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на охридското село Оровник, при преглед на патнички автомобил „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(34) од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкава опојна растителна материја.

 

 

Возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи