Протест против високите камати за извршителите

Facebook
Twitter
Email
Print

Со извици „лихварска држава“ трет вторник по ред движењето „Стоп за извршителите“ организираат протести пред Министерството за правда со барања за комплетна ревизија на работењето на извршителите.

 

Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.

 

„Живееме во едно неправедно и неправично општество. Тука се случува еден социјален феномен кој ги донесува луѓето во должничко ропство. Тој социјален феномен е девијантен. Зошто? Затоа што се работи за преголеми долгови кои се виртуелни каде што главниците се многу мали во однос на тоа што нереалното што луѓето го плаќаат. На тој начин луѓето влегуваат во должничко ропство, наместо да евалуираат како човекови битија, да се занимаваат со своето семејство, да живеат за културата, за својот духовен развој, луѓето едноставно плаќаат некакви непостоечки долгови. Оние тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина на камата, таа висина би требало да важи ретроактивно“, истакна Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.

 

Според Марјан Ристески од „Стоп за извршителите“, и самите извршители признаваат дека тоа што го прават не е во ред, но никој ништо не презема. Но, како што вели Ристески, и покрај тоа што знаат дека тоа што го прават не е во ред, ниту еден од нив не сака да се врати под надлежност на судот и да работи за плата, бидејќи со тоа би го изгубиле луксузот кој го добиваат на сметка на народот.

 

Граѓаните порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, и посочуваат дека ќе протестираат додека надлежните не преземаат конкретни мерки.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи