Ким Џонг Ун отвори нов град во Северна Кореа чиј архитект бил тој – го нарече симбол на модерната цивилизација

Facebook
Twitter
Email
Print

Со голема прослава и огномет Северна Кореа го одбележа отворањето градежниот проект на лидерот Ким Џонг Ун – нов град во близина на светата планина Пекту, од каде, според локалните медиуми, потекнува неговото семејство.

 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во вторникот пред камерите и микрофоните на државните медиуми свечено ја пресече лентата пред градот, кој според севернокорејската државна агенција КЦНА би требало да стане дом на околу 4 илјади семејства.

 

Медиумите проектот го опишуваат како „олицетворение на модерната цивилизација“. Градот Самџијон е замислен како „социјалистичка утопија“ со нови апартмани, хотели, скијачки терени и други комерцијални, културни и здравствени објекти.

 

Самџијон е една од најголемите економски иницијативи што ги лансираше Ким, во ситуација кога мнозинството Севернокорејци живеат во бедни услови.

 

Поради санкциите во изградбата недостасуваше градежен материјал, но и работна сила, па на крајот градот беше довршен со мобилизација на „младинските работни бригади“ кои луѓето што побегнале од оваа земја ги опишуваат како „робовладетелски организации“.

 

Младите кои учествуваат во работните бригади не се платени за својата работа, слабо добиваат храна и присилени се да работат и по 12 часа дневно. За возврат добиваат подобри шанси за запишување на некој Универзитет или за членство во Работничката партија.

 

И покрај тоа што имаше свечено отворање на градот, сепак градежните работи и натаму траат, односно во тек е третата фаза од изградбата чие што завршување е планирано за 10-ти октомври 2020-та година на 75-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи