Околу 400.000 лица, претежно деца, секоја година умираат во Африка од маларија, а се заразуваат над еден милион, соопшти Светската здравствена организација.
Причина за таквата црна статистика, според соопштението на Светската здравствена организација (СЗО), е застојот во бopбата пpотив оваа болеcт. СЗО предупреди дека средствата кои се собираат за борба против оваа болест, од која на секои две минути умира по едно дете, се без пораст, како и дека половина од светската популација е во опасност да се зарази со маларија.
Во извештајот на СЗО се вели дека бремените жени и децата во Африка продолжуваат да го носат товарот на епидемијата на маларија. Околу 11 милиони бремени жени во субсахарска Африка, 29% од сите бремености, биле заразени со маларија во 2018 година, што доведува до тоа речиси 900.000 деца да се родат со мала тежина и со опасности по нивното здравје.
Светската организација ги повика донаторските земји и владите на државите кои се најпогодени од оваа болест што ја пренесуваат комарците да ја засилат борбата против маларијата.