Почна исплатата на поврат на ДДВ кон граѓаните

Управата за јавни приходи (УЈП) почна со исплата на повратокот од ДДВ на граѓаните. Досега 16.600 граѓани на своите сметки добиле пари, односно исплатени се околу 21 милион денари, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

 

„Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто од платениот ДДВ кај граѓаните за првите три месеци е во висина од 186.215.194 денари односно 3 милиони евра“, велат од Управата за јавни приходи.

 

Министерката за финансии Нина Ангеловска повторно упати апел до сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ.

 

„Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно“, рече Ангеловска.

 

Ангеловска најави и дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда и дека ова ќе биде уште еден мотив плус за граѓаните да ги скенираат фискалните сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.  

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи