Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година. До крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
Злоупотреби од страна на газдите во вид на неисплата или со барања парите да се вратат назад секогаш имало, но казни за фирмите кои нема да исплатат регрес се движат и до 4.000 евра.