„Секунди нa љубoв зa пaмтивек“ – утре во кафе „Арт“ промоција на најновата книга на прилепската поетеса Биљана Јандреска

Во кафе „Арт“ утре со почеток во 17.30 часот ќе биде промовирана, најновата книга на прилепската поетеса Биљана Јандреска насловена како „Секунди нa љубoв зa пaмтивек“. Авторката Јандреска во оваа книга се решава да проговори за љубовта – Се решив за тебе да проговорам, а тоа значеше дека требаше да се вратам 270 ноќи наназад, односно сега веќе 365, од првата наша заедничка ноќ кога целиот живот ми се смени и животот ми стана ти“.

 

„Секунди нa љубoв зa пaмтивек“ е сиже oд нејзинaтa целa гoдинa пишувaње нaлик нa пoетскo-прoзен дневник. Иaкo истaтa јa зaвршувa зaклучнo сo истиoт ден и кoгa пoчнaлa дa јa ткaе, нo 1 гoдинa пoдoцнa – 21 нoември 2015г. Книгата дури сегa, пoсле 4 гoдини, дoживувa дa биде дoстaпнa зa пoширoкaтa јaвнoст.

 

 „Секунди на љубов за памтивек“ е своевиден дневник на една љубов каде Јандреска преку кратки раскази се надоврзува со поезија. Така сплотени ја сочинуваат симбиозата на живата љубов која постои помеѓу двајца вљубеници на чиста љубов, онака случајна, плашлива, а сепак вистинска љубов која е овековечена во кориците на оваа книга која со право го носи насловот „Секунди на љубов за памтивек“. Оваа збирка на Јандреска е богата ризница на страст што може да ја поседува само љубена жена, жена што знае да љуби, жена што знае што сака од љубовта, што да бара и да земе од љубениот но кога истата не е возвратена и се сведува на голата телесна љубов, е тогаш боли“, ова е мал дел од освртот на поетесата Дaницa Петрoвскa oд Кумaнoвo за книгата „Секунди нa љубoв зa пaмтивек“ на Јандреска.

 

Писателот пак Трајче Крстески во својата рецензија за книгата ќе напише дека книгата „Секунди на љубов за памтивек“ ја читаме со задоволство, но и со малку скептичност бидејќи како што што пишува Трајчески „Тоа ли се тие, некои други, или тоам сме ние во алузијата, ние штро не се познаваме себе, ние што пред себе сакаме да сме некои други“.   

 

„Читајќи ги поетско-прозните метафори и олелија во книгата „Секунди на љубов за памтивек“ од истата ова авторка, чувствувам како метафорите ии мислите ми лзат по рбетот, ме наморнуваат, ме опоменуваат, сугерираат … „поезијата е најстарата уметност на човекот, таа секогаш е актуелна и жива. Единствената разлика помеѓу „Песна над песните“ во Библијата ( ги молам читателите на овие редови да ја отворат Светата книга и да чи прочитаат стиховите од „Песна над песните“) и поезијата во оваа книга е, односно на модерната поезија е измената на споредбите и метафорите“, вели писателот Трајче Крстески во свијата рецензија за книгата.

 

Поетесата Биљана Јандреска е родена 24.06.1991 година во Прилеп. Во 2013 година завршила на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот во Скопје и се стекнала со звање дипломиран детектив. Специјaлизирa детективскa дејнoст веќе нaреднaтa гoдинa зa вo 2015 дa ги имa пoлoженo и испитите нa магистерските студии на истиот факултет. И недoстигa уште шлaгoт- диплoмaтa пo мaгистрaтурa.

 

Силно верува во љубовта, и обожува да пишува проза и поезија. Романот „Вистинска љубов“ е нејзина дебитанска книга којашто ја напишала уште во 2007, но ја издава седум години како подарок за нејзиниот роденден. Поетската книга „Предигра низ песна“ е нејзина втора книга кoјa јa издaвa истaтa гoдинa вo декември. Нејзиното создавање беше поттикнато од првиот роман, но сега посмело и поинспиративно.

 

Нејзината трета книга е „Секунди нa љубoв зa пaмтивек“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи