ВИДЕО – Биљана Јандреска ја промовираше својата најнова книга „Секунди нa љубoв зa пaмтивек“

„Секунди нa љубoв зa пaмтивек“ е насловот на најновата, трета по ред книга на прилепската поетеса Биљана Јандреска која синоќа беше промовирана во кафе „Арт“. „Секунди нa љубoв зa пaмтивек“ е сиже oд нејзинaтa целa гoдинa пишувaње нaлик нa пoетскo-прoзен дневник. Книгата почала да ја пишува на 21 ноември 2014, а ја завршува точно на истиот ден 21 ноември, една година подоцна во 2015-та. Книгата од разнии причини дури денес го гледа светлото на денот, а основата на целата книга е љубовта кон нејзииниот дечко, а денес веќе и сопруг Златко Андоноски.

 

 

„Инспиирацијата за книгата ми беше тогаш симпатија, сега сопруг, како што велат пазете се од жени кои пишуваат, пазете се од писателките, бидејќи ако вмешаш прсти во нивниот живот можеш да станеш дел од некоја нивна книга. Книгата ја објавувам дури после 4 години затоа што постојано некако се одложуваше заради финансии, заради други причини и на крајот сопругот повторно беше тој кој најмногу ме поттикна да ја издадам и да можат и другите да ја прочитаат. Сега малку мирувам со пишувањето, имам мало дете, обврските се поголеми, но се надевам дека за брзо ќе се вратам кон таа моја љубов пишувањето книги“, додаде Јандреска.

 

Промоторката Виолета Сековска вели дека буквално секој стих во книгата е натопен со љубов, без разлика што низ некоии песни провејува и нишка на мала тага. Но среќата и љубовата секогаш доминираат.

 

„Љубовта е двигател на се што не опкружува околу нас. Љубовта е двигател на целиот универзум. Сонцето и земјата се во љубов. Денот и ноќта се во љубов и токму љубовта е суштината на нашето битисување. Книгата на Биљана изобилува со љубов. Има делови каде има тага, но најмногу љубов и среќа. Таа со тагата се гледаат очи во очи, но меѓутоа со дозвола на нашата авторка провејува радоста и среќата“, изјави Виолета Сековска, промотор на книгата.

 

Професорката Билјана Тинтоска која исто така ја промовираше книгата рече дека ја воодушевила предиспонираноста на Јандреска со љубовта која ја опишува со голем жар ии елна во сите нејзини облици.

 

„Јас како просветен работник кој предава македонски јазик и литература ги охрабрувам младите да го земат примерот на Биљана и да се занимаваат или со читање илии со пишување на уметничка литература, бидејќи облагородува уметноста на убавиот збор и љубовта во сите нејзини облици е суштината на животот. Мојата порака до читателите е да ја прочитаат оваа книга, да добијат извонредни искуства за љубовта и дека таа ќе претставува еден чекор понагоре во нивните искуства и животни и љубовни“, потенцираше Билјана Тинтоска, промотор на книгата.

 

 

Романот „Вистинска љубов“ е дебитанската книга на Јандреска којашто ја напишала уште во 2007, но ја издава седум години потоа како подарок за нејзиниот роденден. Додека пак поетската книга „Предигра низ песна“ е нејзина втора книга кoјa јa издaвa истaтa гoдинa вo декември. Нејзиното создавање беше поттикнато од првиот роман, но сега посмело и поинспиративно.

 

Инаку поетесата Биљана Јандреска во 2013 година завршила на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот во Скопје и се стекнала со звање дипломиран детектив. Во 2014-та специјaлизирa детективскa дејнoст, а во 2015 ги положува и испитите нa магистерските студии.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи