Во рамки на припремите на големата еколошка акција за чистење на градот и неговата околина, која ќе се одржи во сабота на 14 декември, денеска во Општина Прилеп се одржа координативен состанок со директорите и раководителите на државните институции и јавните претпријатија.
На состанокот се разговараше за локациите на кои ќе биде спроведена акцијата, за бројот на административци кои ќе бидат вклучени во неа, како и за планот за нивно распоредување и транспорт до избраните локации. Во големата еколошка акција учество ќе земат и приватните градежни фирми, кои на располагање ќе ја стават сета своја механизација.
Освен одработување на 2 јануари кој беше прогласен за неработен ден, целта на акцијата е вработените во државната администрација да учествуваат во акција за чистење на животната средина.
Акцијата е дел од Оперативниот план на Владата за чистење на животната средина, кој во сабота 14 декември, под мотото „Администрацијата чисти“ ќе биде спроведен во повеќе градови во земјата.