Дескоска: Ветингот во судството ќе се спроведува по изборите

Facebook
Twitter
Email
Print

Ветингот во судството најверојатно ќе се спроведе по изборите, најави денес министерката за правда Рената Дескоска. Како причина за тоа е потребното двотретинско мнозинство што според неа е тешко да се обезбеди во актуелниот состав на Парламентот.

 

„Ништо не можете да смените во Собранието без двотретинско мнозинство иако верувам дека сите се свесни за потребата од ефикасна правда во државата. Мислам дека нема да се инсистира на одредени решенија со цел да се ослободат одредени обвинети за кои се водат постапки од СЈО“, изјави Дескоска.

 

Дескоска истакна дека Владата во моментот разгледува опции за проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивниот интегритет.

 

Министерката за правда информира дека добар дел од реформите планирани со Стратегијата за реформи во правосудството се завршени.

 

„Остануваат уште Законот за јавно обвинителство, Законот за измени на советот на јавното обвинителство и некои други закони кои се готови, но нема да има некоја драматична промена да треба да чекаат институциите во спроведувањето. Сега останува клучниот предизвик на Советот за јавни обвинители и Судскиот совет да почнат на спроведување на овие реформи што се направени во законската рамка со цел да добиеме независно, професионално судство и особено јавно обвинителство“, рече Дескоска.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи