Општина Прилеп : Споменикот кај Дабница е донација, нема нов споменик туку реконструирана одливка

Она што за ВМРО-ДПМНЕ е нов споменик во Дабница, всушност е реконструирана одливка на статуата „Смрт на фашизмот“, дело на скулпторот Сашо Поповски, поставена на истиот постамент на кој некогаш се наоѓаше уништената оригинална скулптура на авторот Димо Тодоровски. Се вели во денешната реакција на Општина Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на кој тие обвинија дека новиот споменикот кај Дабница е незаконски поставен.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Она што треба да се потенцира и што може да се види од потпишаната и архивирана изјава на скулупторот Поповски, е дека новопоставената одливка е негов поклон на Општина Прилеп, со цел таа да биде поставена на местото каде некогаш стоел оригиналот.

 

Поклонетата одливка е примена согласно член 45 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Прилеп, давање и примање подароци и за евиденција на недвижните ствари во сопственост на Општина Прилеп, донесен од страна на општинскиот Совет, а врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Прилеп.

 

Реконструираната одливка на статуата „Смрт на фашизмот“, на постоечкиот постамент е поставена под надзор на Завод и музеј – Прилеп“, се вели во реакцијата на Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи