ВИДЕО – „Подари со радост” – хуманитарна акција на Здружението „Епилепсија Македонија“ во Прилеп

Традиционално и оваа година од 12-ти до 17-ти декември 2019 год. во маркетите на Бонита, Џими маркет, Мега, Шопе и Форум ќе бидат поставени кошници за донација на храна. Оваа хуманитарна акција е насловена како „Подари со радост” и е во организација на Здружението Епилепсија Македонија, а е поддржана од Општина Прилеп.

 

 

Кошници за донација ќе бидат поставени и во сабота на 14.12.2019 од 10 до 15 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“. Сите добронамерници кои ќе пазарат ќе имаат можност да донираат од производите во кошницата.

 

„Нашата цел е да собереме храна пред големиот христијански празник Св. Никола воедно и заштитник на нашиот град Прилеп и да се водиме по неговиот пример бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со голема и племенита љубов па во тој поглед сакаме и ние да го доловиме хуманитарниот момент и да дадеме допринос односно да помогнеме таму каде е најпотребно. Со оваа хуманитарна акција се надеваме дека ќе допреме до срцата на оние дечиња кои не можат да си овозможат новогодишно пакетче на тој начин да ги усреќиме па и тие да ја почуствуваат новогодишната магија како и сите други. Овој хуманитарен настан сакаме да го продолжиме и за поголемите христијански празници како што се Божиќ, Велигден, Водици итн.“, истакна Деан Бунески, претседател на здружение „Епилепсија Македонија“.

 

Акцијата ќе се организира и во соработка и поддршка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп.

 

„Ние како институција грижејќи се за социјално ранливите категории секогаш ќе излегуваме во пресрет на ваквите иницијативи, ги поздравуваме и активно ќе учествуваме и јас како директор и вработенитет тука со давање на пригоден пакет со прехранбени производи, се со цел да им се излезе во пресрет на социјално ранливите категории на граѓани пред новогодишните празници“, истакна Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп.

 

Донираната храна ќе биде поделена на 18-ти Декември, ден пред празникот св. Никола.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи