ВИДЕО – Историски најбрз откуп, откупени 60% од предвидените количини, постигната највисока цена досега

За само 20-тина дена од предвидените 26 милиони килограми тутун на ниво на Македонија досега биле откупени околу 16 милиони или 60% што претставува историски најбрз откуп. Според директорот на државниот земјоделски инспекторат, кој денеска изврши посета на Тутунскиот комбината во Прилеп, ова било и година и со историски највисока откупна цена по килограм, но колкава била таа јавно ќе било соопштено за неколку денови.

 

 

„Динамиката оди со одлично темпо, сите 9 откупувачи обезбедија средства и си плаќаат навреме. Исто така и инспекторите се постојано на терен, нема неправилности“, истакна Зоран Шапуриќ, дииректор на државен земјоделски инспекторат.

 

Задоволни од цената и проценката на класите се и тутунарите.

 

„Годинава реално се цени, прва и втора класа, нешто што е ептен лошо одии трета класа. Просечната цена е некае околу 220 до 230 денари за килограм“, кажа Горан Каранфилоски, тутунар.

 

Од Тутунски комбинат Прилеп истакнаа дека и тие како компанија се задоволни од квалитетот на тутунот кој се предава.

 

„Денеска предаден тутун, утре се исплаќа, успеавме да го постигнеме тоа. Во моментов имаме историски највисока цена, во последниве 20 години, никогаш оваа цена не била постигната“, потенцираше Кире Станкоски, директор на Тутунски комбинат Прилеп.

 

Ако проодолжела оваа динамика на откуп според државниот земјоделски инспекторат целиот тутун ќе бил откупен до средината на јануари.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи