Пластичните кеси ќе чинат 10 денари – една од мерките предвидена со новите законски измени

Facebook
Twitter
Email
Print

Пластичните кеси во маркетите нема да бидат бесплатни или по 1 до 2 денари, туку ќе се продаваат најмалку за 10 денари. Ова се предвидува со измените на неколкуте закони за управување за отпад во кој се допрецизира производството и дистрибуцијата на кесите за пазарење, што треба да стапат на сила од 1 јануари 2021.

 

„Во Македонија годишно се употребуваат над 150 милиони кеси, а тоа се близу 2.000 тони пластика која најтешко се собира и останува на почвата. Засега сите компании оваа иницијатива ја прифатија позитивно, се надеваме дека тоа и понатаму ќе продолжи. Ова е мерка што сите треба да ја прифатиме и ќе треба да се навикнеме со тоа, за да се преземе одговорноста од страна на сите страни. Идејата е да се покачи цената со цел граѓаните да се стимулираат и да носат друг вид на торби од дома, да не мора да купуваат пластични кеси“, рече министерот Насер Нуредини.

 

Од невладините организации велат дека пластичните кеси се проблем, но тие се само дел од причините за загадувањето. Бараат од надлежните сериозно да пристапат кон овој проблем.

 

„Пластичните кеси се проблем, меѓутоа за загадувањето на воздухот не се проблем, така што со тоа не се решава и би и порачал на власта да не одиме на некои префирени проблемчиња коишто можеме полесно да ги решиме, па да залажуваме дека проблемот е решен или ќе го решиме“, рече Јован Мазгански, „Еко Скоп“.

 

Пластиката од употреба, Владата ќе ја исфрли веќе од Нова година. Сите институции во следната јавна набавка ќе треба пластичните шишиња да ги заменат со стаклени, додека пак пластичните чаши, сламки и друг пластичен прибор за еднократна употреба воопшто нема да се набавува.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи