На 17.12.2019 во 07.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во хотел на ул. „Ленин“ настанал пожар во кујната, при што изгореле повеќе кујнски апарати.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и повредени лица нема.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.