Според информациите на МВР, вчера во СВР Битола бил приведен Т.Е.(30) од село Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба. Според пријавеното, тој во 14.17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава.
По преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.