Хуманитарна ревија „Подај рака“ по петти пат во Крушево

Петти пат по ред во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа хуманитарната модна ревија „Подај рака“ во организација на професорката М-р Ванѓа Димитријева Кузманоска и Унвиерзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

 

За оваа манифестација, посветена на Св. Никола, се креираа 30 детски палтенца од студентите при Технолошко – технички факултет од Штип и од професорката Ванѓа Димитријева – Кузманоска, кои ќе бидат доделени на децата без родители сместени во крушевските семејства и на децата од најранливите категории на кои оваа помош им е неопходна.

 

„Секоја година пред најголемите христијански празници сакаме да им подадеме рака на децата и со тоа што е наша област да дадеме придонес кон подобрување на општествениот живот и за овие празници да можеме да се радуваме заедно со нив. Оваа манифестација годинава имаше мал јубилеј од пет години и истата сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво и затоа во соработка со Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ од Благоевград, Бугарија и професорите од катедрата за дизајнирање на текстил и облека со кои Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има долгогодишна соработка во размена на заеднички проекти, следната година ќе имаме заедничко учество и планираме оваа манифестација да прерасне во меѓународна и да поттикнеме повеќе институции од нашата држава да се вклучат во истата и со тоа сите заедно да овозможиме подобро утре за сите деца на кои ова многу ќе им значи“, изјави професорката Димитријева Кузманоска.

 

Настанот го поддржаа Општина Крушево, ООУ „Никола Карев“ Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи