ВИДЕО – Аџулеска : Бројни инвестиции и реконструкции во прилепските градинки и училиштата

Со чесни и одговорни политики, власта на СДСМ покрај што ги покачи платите на вработените во образованието и градинките, темелно ги подобри и условите за одвивање на едукативниот процес и за грижа на најмладите. Заложбите на локалната власт предводена од градоначалникот Јованоски и Владата предводена од СДСМ, резултираа со бројни инвестиции и реконструкции во прилепските градинки и училиштата. Потенцираше на денешната прес конференција Весна Аџулеска, член на Комисија за образование при ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„За прв пат откако е изградена, поставен е нов покрив на градинката „Тризла1“, а нови покривни конструкции добија и ООУ „Климент Охридски“ и подрачните училишта во населените места Мажучиште и Тополчани, во вкупна вредност од 6.000.000 денари.

 

Ја довршивме и ја предадовме во употреба новата детска градинка во рамки на ООУ „Рампо Левката“.

 

Со средства во висина од 9.000.000 денари, комплетно се реновираа санитарните јазли во сите детски градинки и во шест општински училишта.

 

Поставени се нови врати и прозорци во детските градинки, во основните училишта „Рампо Левката“, „Добре Јованоски“, „Блаже Конески“, во музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, во подрачните училишта во Загорани и Алинци и во средното училиште „Ѓорче Петров“, во вредност од 10.000.000 денари.

 

Изградени се и опремени нови котлари во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и во градинката „Гоце Делчев“, а во тек е постапка за инсталација на нова комбинирана котлара (на нафта и гас) во гимназијата „Мирче Ацев“, во вкупна вредност од 8.500.000 денари.

 

Сите основни училишта и градинки се опремија со нови клупи и столчиња, во вредност од 10.000.000 денари, а во училиштата „Кире Гаврилоски“ и „Кочо Рацин“ целосно се реконструирани 23 училници, инвестиција од 6.200.000 денари.

 

Ги реконструиравме и спортските игралишта во ООУ „Рампо Левката“ и СОУ „Орде Чопела“, а во десетина училишта е поставена нова кабинетска опрема, компјутери, смарт табли, проектори и опрема за стручни предмети.

 

Градинката „Бончејца“ и подрачните училишта во Тополчани и Мало Коњари добија нови фасади, а со целосно нови подови се подновени други седум општински училишта.

 

Ова се само дел од инвестициите во училиштата и градинките во општина Прилеп, со кои драстично се подобрија условите за настава и грижа за најмладите. Се држиме на дадениот збор и го исполнуваме ветеното. Продолжуваме на правиот пат“, рече Аџулеска.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи