ВИДЕО – Здравески : Редица скандали, незаконски вработувања и измислување на работни места во градинките во Прилеп

Јавната институција детски градинки “Наша иднина” во Прилеп ја тресат низа скандали. Сеуште се свежи сеќавањата од пред една година кога од оваа институција испливаа списоци, а јавноста можеше да види дека функционери на СДСМ по партиски клуч запишувале деца во градинките. Од тогаш до денеска се случуваат еден куп незаконски постапки и дејствија за кои одговорност мора да има. Истакна на денешната прес конференција Виктор Здравески, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп.

 


Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„За ова што следува во продолжение бараме итни одговори од сегашниот директор кој по втор пат менаџира со институцијата Орде Тодороски и неговата претходничка  Бети Спиркоска.

 

Согласно Законот за вработени во јавниот сектор, во организација со 300 вработени, директорот смее да вработи само 3 лица со договор на дело. Но, тоа не важи за градинките во Прилеп, каде моментално со договор на дело работат над 30 лица.

 

Директорот Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот. За една година од џебот на родителите и буџетот на државата за овие лица се исплатени околу 2 милиони денари, пари за кои некој ќе мора дебело да одговара.

 

Покрај тоа во оваа институција откако СДСМ е на власт, се измислуваат и работни места кои не се предвидени во Систематизацијата на работни места во градинката. Таков пример е работното место кое гласи одговорен за технички персонал и кујна, што е само едно од незаконските дејствија што ги преземаат кадрите на СДСМ.

 

Прашуваме и дали претходната директорка Бети Спиркоска, која 6 месеци ја извршуваше функцијата, се подготвува да биде раководител, иако дипломирала во 2017 година, а потребно е да има искуство во траење од 5 години?

 

Исто така, дали огласот од пред неколку месеци со кој се вработија 4 негователки и една садомијачка, беше распишан според Систематизација која не е во употреба?

 

Дали институцијата за овој оглас, по жалба на лица кои конкурирале, доби одлука огласот да биде поништен, а сепак претходно споменатите лица ги вработи повторно со договор на дело?

 

Вака СДСМ работи и вака СДСМ владее! Овие скандали на 12-ти април ќе им се удрат од глава, а тогаш ќе мораат да дадат одговор за се’. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со никого! Одговорност ќе има за секој оној кој се огрешил пред законите“, истака Здравески.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи