Научниците откриле нови видови на ајкули кои перките ги користат за да одат по дното. Новите видови на ајкули се откриени во Индоавстралискиот архипелаг, научниците велат дека тие се хранат со мали риби и безрбетници. Според доктор Кристин Даџон ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.
„Ајкулите се помали од еден метар и не се опасни за луѓето“, изјавила Даџон.
Научниците се воодушевени од откривањето на нови видови ајкули и истакнуваат дека тоа се должи на 12 годишна студија спроведена од компаниите „CSIRO“ , „Conservation International“, Научниот институт во Индонезија , Министерството за поморство на Индонезија и Музејот за природна историја на Флорида.
„Генетските податоци покажуваат дека новиот вид на ајкула се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови реони и се развила во нов вид. Нивните перки им обезбедуваат голема предност во однос на нивниот плен малите ракчиња и мекотели“, наведува доктор Даџон.
[poll id=”-2″]