ВИДЕО – Ристески : Николовски не спомена ниту еден капитален проект за Прилеп, затоа што за 3 години СДСМ не направи ништо

Викендов тука пред дивоградбата, за која самиот градоначалник призна дека припаѓа на негови роднини, генералниот секретар на СДСМ повторно се обиде да манипулира и да ги лаже прилепчани. Неговите сопартијќи и функционери го наместија Николовски токму од тука, од местото каде најдобро се гледа како функционира власта на СДСМ, да зборува за некаков нов “план за живот“, за кој патем никој повеќе не им верува. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Кога веќе беше тука, добро би било да го праша градоначалникот Јованоски на кои се локации гради фирмата на неговите роднини, за кој тој наводно дозна од опозицијата.

 

Добро би било да го праша министерот Сугаревски за хаосот кој постои во прилепската чаршија, кој е окупирана од објекти во сопственост на луѓе од СДСМ.

 

Николовски треба да ги праша Миле Талевски, Илија Јованоски и Горан Сугарески како се легализираат објекти на крајно сомнителен начин во Прилеп?

 

Кога веќе се фали дека тутунарите од Прилеп и прилепско биле задоволни од откупот и цената на тутунот, тогаш нека го праша и генералниот директор на Тутунскиот комбинат, Кире Станкоски, зошто и дали дел од откупните пунктови се затворени пред законскиот краен рок?

 

Дали директорот си ја покачил платата од 80 на 110.000 денари и дали вакви покачувања има и кај останатите негови блиски соработници?

 

Кога капиталните проекти се во прашање, на Николовски како мачка да му го изела јазикот, па заборави да каже кој капитален проект го направи СДСМ за Прилеп во изминативе 3 години.

 

Како бара гласови од Прилеп кога Владата на СДСМ и министерот Сугарески целосно ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско?

 

Како очекува прилепчани да гласаат за СДСМ, кога локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски ги зголемија сметките за вода за 60%, а ветуваа дека ќе ги намалат за 20%?

 

Како граѓаните да гласаат за СДСМ, кога нема ниту една нова фабрика, нема ниту едно ново отворено работно место, а вработувањата во институциите им припаѓаат исклучиво на роднините и пријателите на функционери од власта?

 

Почитувани, за крај укажуваме дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пристигнуваат документи и докази за незаконското работење на ова злосторничко здружение на СДСМ во Прилеп.

 

Сите овие укажувања и сомнежи за сторен криминал ќе бидат детално разгледани, а после 12-ти април следува одговорност за секој кој се ставил над законите“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи