Прилепчанец направил сообраќајка, мавал со секира, а потоа со автомобилот удрил две жени

Приведен е 23-годишник од Прилеп, со иницијали Е.М. кој удрил во паркирано возило, а потоа излегол и со секира го оштетил возилото, по што ги нападнал лицата кои биле внатре.

 

Случајот го пријавил 19-годишниот Е.А. кој кажал дека бил во неговото возило „голф 3“ кое било паркирано пред продавница во Прилеп, а со него биле и лицата С.О. и Е.Т..

 

„Нивното возило било удрено од возило „опел астра“ управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал, а со секира го оштетил возилото „голф“. Потоа пријавениот со возилото „опел астра“ удрил во две лица, роднини на оштетениот (тетка и братучетка). По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи