Дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата, изјави обвинителката Лиле Стефанова, по завршувањето на сведочењето за „Рекет“.
„Тоа од друга страна им остави простор на осомничените и обвинети лица во предмети од СЈО неосновано да ги дискредитираат јавните обвинители и предметите, се со цел да ја намалат и да ја избегнат кривичната одговорност која во тие предмети им се става на товар“, изјави обвинителката Лиле Стефанова.
Таа вели дека е разочарана што на овој начин неосновано се дискредитирани предметите и работата на ова обвинителство.
„Се покажа дека ако сте лице коие има политичка и општествена моќ ќе најдете начин преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесните својата положба во кривичните постапки и преку преговори и договори да најдете начин да ја избегнете кривичната одговорност“, вели обвинителката Стефанова.
Таа истакна дека забрзано се работи на случајот „Империја“ за да добие на ефикаснот и наскоро очекува предметот да добие епилог со донесување на јавнообвинителска одлука.
[poll id=”-2″]