Кога Стефанова се подготвуваше да излезе од судница, Јанева ѝ извика „ороспијо“ и „говнарка“. На овие зборови Јанева веднаш доби опомена од судијката Васка Николовска Масевска, која ги повика полицајците што ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.
По ова, видно вознемирена, Катица Јанева застана и пред да излезе од судницата и пред новинарите рече:
„Дека ѝ го возев мачето, затоа ли не ѝ чинам?“, оставајќи ги во прашалници новинарите.
Расплакана и вознемирена Јанева го напушти Кривичниот суд.