ВИДЕО – Талевски: Во фокусот на Мицкоски е само бизнисот со хидроцентрали и заштитата на криминалот на фамилијата

Вчерашната посета на Прилеп на Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски, е само уште еден во низата негови очајни обиди да манипулира со работниците од „Еурокомпозит“, со бизнисмените и дуќанџиите, односно со истите оние луѓе кои беа малтретирани и репресирани од криминалниот режим на унгарскиот бегалец, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Ништо не е сменето во деструктивната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Стевананџија, Лашкоска, тоа се истите ликови кои 11 години послушно ги извршуваа мрачните сценарија на Никола Груевски и носеа штетни одлуки против интересите на граѓаните и државата.

 

Токму власта на ВМРО-ДПМНЕ го остави „Еурокомпозит“ во долг од 5 милиони евра, со блокирана сметка и неисплатени плати и придонеси за вработените.

 

Кога Мицкоски ги повикува на средба прилепските бизнисмени, треба да знае дека се’ уште им се свежи сеќавањата на 11 годишното репресивно владеење на неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.

 

Нарачаните инспекции, драконските казни, жолтите ленти на Управата за јавни приходи, „пиштењето и вриштењето“ на Миле Јанакиески и хилтите на Марјан Ристески, беа дел од секојдневието на прилепските бизнисмени и дуќанџии.

 

Првата работа која Мицкоски требаше да ја направи при доаѓањето во Прилеп, пред да тргне да ги лаже и манипулира граѓаните, беше да го разреши претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, заради неговото насилничко однесување, тепањето со граѓани и сликањето со пиштоли.

 

Дополнително, Петар Ристески е истиот тој кој на највулгарен начин ги партизираше државните институции, вклучително и прилепската болница на која беше директор.

 

На македонската јавност и’ е јасно дека Мицкоски ниту има намера, ниту капацитет да ги решава проблемите на граѓаните. Членството на нашата држава во ЕУ и НАТО, не е дел од личната и партиската агенда на Мицкоски. Единственото нешто кое е во фокусот на неговиот интерес, е бизнисот со хидроцентрали и заштита на криминалот на злосторничкото здружување.

 

Заради сето ова, СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на деструктивни и насилнички политики на ВМРО-ДПМНЕ, а на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе. Чекориме на правиот пат“, изјави Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи