ВИДЕО – „Чин 4 Сцена 5“ ветува ново смеење до солзи – се подготвува култната „Солунски патрдии“

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ ја подготвува најновата претстава со своите ветарани, култната комедија „Солунски патрдии“, на Миле Попоски. Како и минатата година, со комедијата „Викенд на мртовци“ така и оваа, собраните средства од претствата ќе бидат донирани. Планираат да одиграат 10 претстави, во големата сала на домот за култура „Марко Цепенков“, одосно да се продадат 6.100 карти за да се соберат што е можно повеќе средства.

 

 

„Свесни сме за предизвиците кои ги носи оваа претстава со оглед на тоа дека „Солунски патрдии“ во историјата на македонската театрологија е една од најиграните претстави воопшто. Тргнувајќи од изведбата на Драмски театар која до денес никој не може да ја турни, а згора на тоа може да се додаде и таа серија од 1986 година во која играат нашите големци од прилепскиот театар и од Скопје. Но како и минатата година така и оваа ќе се обидеме да дадеме еден наш сопствен видик на целиот текст на Миле Попоски и со тоа да внесеме една нова енергија и со тоа одново да го разбудиме прилепскиот мајтап во Солун. Планирано е премиерата на претствата да се одржи за годишнината на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“, односно на 17 март и сите средства ќе се донираат во хуманитарни цели. Наполеон Бонапарта рекол само 2 работи можат да ги обединат луѓето, интересот и стравот, но ние ќе покажеме дека желбата да се помогне и желбата да се ужива во благодетите на театарската уметност е она што нас иисто така сите може да не обедини“, истакна Саша Нацевски, раководител на Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

Планирано било претствата да се изведе што е можно поавтентично според упатствата на авторот.

 

„Претствата нема да биде со современа визура затоа што според мене тоа би било сквернавење на текстот, бидејќи јас лично Миле Попоски, кога станува збор за комедијата, го сместувам помеѓу големците како што се еден Чехов, еден Шекспир. Бидејќи тоа што тој успеал да го напише и ден денеска е останато како трајна вердност на културата. Јас за жал гледав една современа поставка на „Солунски патрдии“ и навистина ми се гадеше. Но тоа нема да го дозволиме тука“, додаде Нацевски.

 

За тоа пак каде ќе се донирале парите се уште се немало одлучено. Лани сите средства ги донирале во дневниот центар „Ѕуница“. А остана нереализирана желбата за поставување на лифт за хендикепирани лица во домот за култура „Марко Цепенков“, за што според Нацевски немало желба за соработка од другата страна иако лифтот бил половина платен.

 

„Немаме одлучено се уште каде ќе ги донираме средствата. Лифтот за хендикепирани лица во домот за култура „Марко Цепенков“ не излезе бидејќи целата инвестиција во Центарот „Ѕуница“ излезе за 40% поголема отколку вкупната сукма собрана од картите. Ние ја направивме таа донација која чинеше 9.500 евра. Но сега  прво ќе видиме на кого му е најпотребно па тогаш ќе донираме. Но сепак тоа ќе биде некоја видлива, физичка донација. Не се откажуваме од идејата за лифт, кој инаку е половина платен, но за да се реализира таа идеја чекаме расположение за соработка од другата страна. Само би кажал дека за да има договор требада има расположение за соработка од двете страни. Лани ние дониравме и рампа за лица со хендикеп на театарот „Војдан Чернодрински“ и повторно сме третирании како аутсајдери“, потенцираше Нацевски.

 

Ветераните на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ се видно возбудени што како ии лани се дел од едне ваков голем хуманитарен проект каде повторно можат да дојдат во допир со својата пасија, а тоа е театарската уметност.

 

„Огромна чест и задоволство ми е тоа што повторно имам можност да играм во ваква претстава со овие луѓе, затоа што и лани играв во „Викенд на мртовци“. Верувам дека ќе направиме претстава за која ќе се зборува и дека луѓето ќе сакаат повторно да купуваат билети. Публиката ќе може да види како луѓето живееле во т.н. Турско време, кои се проблемите на ликовите и како тие се справуваат со тоа“, кажа Леона Митревска, Училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

„Со театараот сум од далечната 2007 година, започнав како средношколец, а сега веќе сум возрасен. Задоволство ми е тоа што повторно сум заедно со овие млади дечки и ќе играм во претстава. Саша ни понудии со претходната „Викенд на мртовци“ како ветерани да се вратиме и со огромно задоволство прифатив за да ја имаа таа чест да работам и со постарите и со помладите. Сакам да помогнам на луѓето на кои помошта им е неопходна, така што затоа и најмногу прифативме бидејќи е хуманитарна. Солунски патрдиии е извонредна ќе се обидеме да направиме нешто многу подобро од „Викенд на мртовци“ ќе вложиме се што е од наша страна, не е лесно да се одигра оваа претстава но ние ќе да дадеме се од себе“, рече Валентин Мирчески, Училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

„Чин 4 Сцена 5“ се формирани во 2007 година и досега низ училиштето поминале 1.300 деца на возраст од 5 до 35 години. Сега бројат 40 активни членови на возраст од 5 до 25 години, кои функционират во рамки на училиштето и се поделени во групи. Имаат одржано 75 премиери, а за 13 години имаат донирано над 2 милиони денари во хуманитарни цели.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи