Се пребарува секој дел од трговскиот центар „Сити Мол“ по дојавата дека внатре во просториите има поставено бомба. Лицето кое пријавило се претставило како вработен со центарот.
Трговскиот центар беше комплетно евакуиран од страна на екипите на МВР, а покрај полицијата на терен се излезени и екипите на Итната медицинска помош и на Противпожарната единица.
Од МВР потврдуваат дека екипи на Единицата за антитероризам се на терен и дека се работи на утврдување на тоа дали навистина е поставена експлозивна направа или се работи за лажна дојава.