Тим од тројца државни ревизори, на барање на Јавното обвинителство, од 1 февруари ќе проверува како се делеле надоместоците кај вработените во Специјалното јавно обвинителство.
Главниот државен ревизор посочи дека се направени неколку состаноци со Јавното обвинителство, на кои, поради јавниот интерес и сите засегнати страни е одлучено да се направи ревизија на надоместоците.
„Од 1 февруари 2020 година започнување со работа. Направивме неколку координативни состаноци со претставници на Јавното обвинителство за преземање на целокупната документација. Се работи за документација што има одредена ознака на „класифицирани информации” и мора да се создадат услови за нивно соодветно чување во нашите простории. Утврден е ревизорскиот тим и ставен е во годишната програма за работа и по завршување на ревизијата ќе бидете соодветно известени“, изјави Ацевски.
Предмет на ревизијата ќе бидат сите надоместоци кои се исплатени на вработените во СЈО и на нивните соработници.