Бојан Јовановски на денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, каде е првообвинет, кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Русковска вреден четири милиони евра, поради што побара нејзино изземање од случајот.
„Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?, праша обвинетиот Јовановски.
Покрај тоа, Јовановски истакна и дека ќе поднесе вкупно 19 кривични пријави поврзани со случајот „Рекет“.